Во Основниот суд Скопје 1

Дали Мукоски пеел песнички или отворал врати ќе покажат доказите, им порача Рускоска на адвокатите за 27 април

Дали Крсто Мукоски пеел песнички или отворал врати ќе покажат снимките и доказите што ги имаме за оваа постапка. Ова им го порача обвинителката Вилма Рускоска на адвокатите во постапката за упадот во Собранието од 27 април минатата година.

Реакцијата на обвинителката следуваше по поставените прашања од адвокатот Гоце Ристевски, бранител на обвинетиот Mукоски поставени на сведокот Никола Тодоров. Адвокатот на Чавков поставуваше прашања околу тоа кој почнал прв да ја пее македонската химна во Собранието, а кој потоа се придружил и какво чувство пеењето на химната предизвикало кај Тодоров, односно дали тоа било чувство на пријатност.

Сведокот Тодоров одговори дека пратеникот Крсто Мукоски бил тој што прв почнал да ја пее македонската химна. На останатиот дел од прашањата Тодоров не одговори, бидејќи судијката Добрила Кацарска не дозволи одговор на поставените прашања и го прифати приговорот на обвинителката Рускоска, која, пак, порача дека предметот е сериозен, дека сите сакаат да ја утврдат фактичката состојба и дека не разбира која е целта на адвокатите во овој предмет што поставуваат ваков тип на прашања.

Сведокот Тодоров, одговарајќи на прашања на адвокатката Ружица Николовска која во оваа постапка го застапува Горан Ѓошевски, лице од обезбедувањето на Трајко Вељаноски, рече дека овој обвинет му помогнал и заедно спречиле на 27 април во кабинетот на Вељаноски група луѓе што биле дел од толпата да влезат внатре во просториите. Тодоров дополни и дека обвинетиот Ѓошевски му помогнал и во давањето помош на повреден полицаец, како и негово сместување во една од просториите.

Судењето за овој случај е во тек, а во оваа постапка на 33 лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и помагање.

 К.Д.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе