Бујар Османи прашан во Загреб:

Дали ДУИ ќе бара федерализација на Македонија?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Загреб, на заедничката прес конференција со неговиот хрватски колега Горан Грлиќ Радман, од хрватски новинар беше прашан дали ДУИ ќе бара федерализација на Македонија доколку претстојниот Пописот на населението покаже повисок процент на Албанци во споредба со последниот Попис. Османи вели „кај нас Пописот е и политичка операција“.

Новинар: „Доколку резултатите од Пописот на населението, во процентуална смисла, не се совпаѓаат со последниот Попис, што ќе преземете како политичка партија на која припаѓате? Дали ако процентот на Албанци во Македонија се покаже повисок ќе барате федерализација на Македонија"?

Османи: "Македонија разви автентичен модел на регулирање на меѓуетничките односи и може да служи како модел за земјите од поблискиот регион бидејќи со Охридскиот договор се овозможи создавање на држава на еднакви заедници и на еднакви граѓани и од тој процес нема враќање назад, туку можно е само надоградување во смисла на продолжување на евроатланскиот пат на државата. Пописот е планиран за годинава, точно е дека подолг период нема Попис на населението кај нас. Кај нас Пописот не е само статистичка операција туку е и политичка операција бидејќи според Уставот правата на заедниците произлегува од процентот на застапеноста на заедниците. Затоа е важно да се создаде законски кредибилен процес во кој никој немам да се сомнева и убеден сум дека новото законско решение е кредибилен процес во кој сите ќе имаат доверба и ќе ги прифатат резултатите".

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе