Дали Алијанса влегува во Владата? Таравари добил покана од Ковачевски за средба

В.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари добил покана од премиерот Димитар Ковачевски за средба денеска во Владата во 12 часот.

Неофицијално, премиерот на маса ќе изнесе предлог - понуда до опозициската партија за влез во Владата. 

Од Алијанса за Албанците, како што објави Коха неофицијално велат дека досега не е разговарано за конкретни позиции и дека се во очекување да видат за што се работи и какви планови има премиерот Ковачевски.

Од партијата за МКД.мк не откриваат каков ќе биде ставот на Таравари. Сепак, од партиски извори се дознава дека веќе биле испратени пораки Алијанса да ги добие ресорите образование (од ДУИ), земјоделство (од СДСМ) и здравство (од Алтернатива).

Во дел од медиумите на албански јазик се дознава дека и албанскиот премиер Еди Рама го убедувал Таравари да прифати влез во Владата заради евроинтеграцискиот пат на Македонија, односно заради поширок консензус околу многу прашања повзани со реформите.

Алмакос пишува дека неодамна е разговарано во Тирана, кога Рама ги примил во својот кабинет Таравари, пратеничката Илире Даути и градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе