БЕЛГРАД

Дачиќ: Персоналот се враќа во амбасадата во Скопје идната недела, амбасадорката подоцна

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ најави дека државата ќе ги преземе сите мерки за заштита на српските интереси во Македонија и истовремено ќе преиспита својата способност и капацитети за извршување на работата во актуелните услови во Македонија. 

„Веќе идната недела по состанокот што ќе го имаме овде, а ќе имаме состанок и со претседателот Александар Вучиќ, дел од нашиот персонал ќе биде вратен во Скопје , а амбасадорката ќе се врати подоцна, кога ќе ги завршиме сите консултации кои што имаме намера да ги спроведеме овде во Белград“, рече Дачиќ за агенцијата Танјуг.

Тој изјави дека вчера го информирале Министерството за надворешни работи на Македонија дека го повлекле целиот персонал на амбасадата на итни консултации во Белград, бидејќи  недвосмислено е утврдено, со јасни докази, зајакнато офанзивно разузнувачко дејствување кон Република Србија во целина и српската амбасада, во кое е присутен и странски фактор.

„Сакаме добри односи со Македонија, сакаме да градиме добри односи, но нашата обврска е да ги заштитиме нашите интереси и во согласност со тоа ќе ги примениме основните дипломатски принципи во меѓународните односи”, вели Дачиќ.

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе