ЗА ТВ ПИНК

Дачиќ: Ние на пријателите Грци им набивме прст во око, а Македонија нѐ прислушува

Имавме информации за офанзивно дејствување кон Србија и затоа го повлековме целиот персонал на консултации, кои ќе се направат следната недела. Потоа дел од персоналот ќе се врати во Скопје, а амбасадорката ќе се врати најверојатно во септември, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за ТВ Пинк

Дачиќ вели дека одлуката на Србија да го повлече персоналот на амбасадата во Македонија всушност е порака дека сѐ знаат, „и што се договарале и што договориле“, а тоа, како што рече, е нешто што не им се прави на пријатели. Со тоа, според него, Србија сака да ја смири новонастанатата ситуација со Македонија, која не се засновува на претпоставки, туку на недвосмислено утврдени дејства што говорат за засилено офанзивно дејствување кон Србија.

„Важно е да се нагласи дека Србија никогаш ништо не презела против Македонија, бевме коректни и конструктивни и никогаш нашата земја не се мешала во нејзините внатрешни работи“, рече Дачиќ, додавајќи дека верува во реципроцитет.

Тој додава дека сакаат добрососедски односи, но тие мора да се базираат на принципот на реципроцитет.

„Прашањето на името за Македонија е исто како и прашањето на Косово за нас, но едноставно немаше реципроцитет. Ние им набивме прст во око на нашите пријатели Грци, кои не го признаа Косово“, потсетува Дачиќ.

Според него, Македонија има проблем и дефинитивно не го решила прашањето за името на државата. На пораката од македонската влада дека по прашањето за кандидатурата на Косово за членство во УНЕСКО, ќе се води по ставовивте на повеќето членки на ЕУ, Дачиќ напоменува дека, ако Србија се раководи по ставот на ДЕУ, тогаш секако би можела да ја поништи претходната одлука и да ја признае Македонија под името под кое седи во Брисел, а тоа е БЈРМ.

Што се однесува до прислушувањето, вели дека тоа не го загрижува, бидејќи тој, „она што го зборува на телефон го зборува и јавно.

„Но, тоа може да има тешки последици по нашите државни интереси, бидејќи целта на таквото дејствување е да се дојде до секакви лажни обвинувања дека од Србија се заканува опасност и дека Србија сака да инсценира некои судири во Македонија“, наведува Дачиќ и истакнува дека ситуацијата всушност е „сосема обратна“.

Тој најави дека Александар Вучиќ ќе разговара со Зоран Заев и вели дека тоа е многу важен разговор, а истото ќе го направи и премиерката Брнабиќ, бидејќи сакаат да се нормализираат односите.

„Но, сите го знаат мојот личен став, како вие спрема нас, така ние спрема вас“, изјави Дачиќ. 

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе