Да запре дискриминацијата бараат организациите на Македонците во Бугарија

Македонските организации во Бугарија со декларација побараа од Софија да запре со негирање, дискриминација и асимилација на македонското малцинство. Тие бараат измени во бугарскиот Устав со цел да се гарантираат правата на националните и етнички малцинства. Воедно ја повикуваат Софија да запре да ја уценува Р.Македонија и да ја деблокира нејзината евроинтеграција, повлекувајќи ги сите барања, кои не претставуваат дел од Копенхагенските критериуми.

Во декларацијата која е адресирана до сите странски амбасади и преставништва на меѓународни организации во Бугарија, се повикува ЕУ да не им дозволи на бугарските власти да го користат правото на вето за да ја остварат националистичката и шовинистичка агенда против правата на малцинствата наследена од времето на тоталитаризмот. Македонците од Бугарија бараат реципроцитет во одоносите меѓу Македонија и Бугарија и взаемно почитување на малцинствата.

Македонските активисти од Бугарија го осудуваат и Скопје поради непринципиелната политика на компромиси и негрижата за своето малцинство во соседството. Тие ги повикуваат македонските власти да престанат со ваквата инфериорна позиција која води кон деградација не само на Македонците кои живеат во странство туку и на самата држава.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе