Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Да се забрза работата околу Гоце Делчев и Илинденското востание

Бугарската Влада го одобри протоколот од првото заседание на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија одржан на 10 јуни во Софија.

Владата направила и преглед на исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји на 1 август 2017 година, aа разгледани се и предложените мерки за подобрување на билатералната соработка во економијата, енергетиката, одбраната, патната инфраструктура, туризмот, образованието, културата…

Заедничката меѓувладина комисија, како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, ја повика Комисијата за историски и образовни прашања составена од експерти од двете земји, да ја забрза работата околу отворените теми од заедничката историја како што се Гоце Делчев и Илинденско-Преобреженското востание со цел да биде направен напредок согласно Договорот за добрососедство, а врз база на објективни, основани и автентични докази и историски извори, како и научно потврдено толкување на историските настани.

Софија и Скопје веќе го прифатија договореното од Комисијата за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум и Цар Самоил, како и заедничките принципи во врска со содржината на учебниците по историја за петто одделение во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе