Средношколскиот пленум бара од Министерството за образование оценките од екстерното тестирање да не влегуваат во просекот на оценките.
-Бараме да се укине математиката како задолжителен предмет на полагање на државна матура. Бараме оценките од екстерното тестирање да не влијаат врз конечниот успех на учениците. Овие барања ќе бидат доставени, откако целосно ќе бидат формулирани во посебен текст кој ќе биде доставен до Министерството за образование, велат во Средношколскиот пленум.