Да се реши статусот на околу 4.700 наставници и стручни соработници, бара ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира што поскоро да се реши статусот на околу 4.700 наставници и стручни соработници во образованието односно нивниот работен статус да биде регулиран со договори за вработување на неопределено време.

Поради тоа е и главното наше барање договорите за вработување на определено време да бидат најмногу до една година, уште повеќе поради случајот со околу 4700 наставници и стручни соработници во образованието кои зависат од одлуката на пратениците за решавање на нивниот егзистенцијален статус, за обезбедување сигурна и достоинствена работа и плата, соопшти ССМ.

Наведува дека како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и се бори за нив во сите сектори, а поради недоволна заштита на работниците во образованието, информира дека ќе ги организира просветните работници во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија во нов прогресивен синдикат за образование.

„Тој секогаш ќе стои во одбрана на нивните работнички права, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со ССМ да ги остварат своите права. Со постапките на сите чинители во општеството потребно е заднички да придонесеме, работниците од образованието да се чуствуваат достоинствено и да не се плашат за сигурноста на своите работни места“, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе