Да се разоткрие „шемата“ за кешот од игрите на среќа, бара Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска повика да се води контрола на кешот што се добива од игрите на среќа, но и за заштита на личните податоци.

Владата, финансиските институции и сите надлежни бараат од ДКСК сериозно да ги испитуваат овие предмети.

Антикорупциската комисија досега открила неколку случаи за крадење податоци што се пријавени во Дирекцијата за заштита на лични податоци, што покажува оти има основ за перење пари, односно за можни финансиски злоупотреби и малверзации.

Горан Трпеноски, член на Комисијата, потсети на случај кога ДКСК има откриено дека еден функционер имал добивка од игри на среќа во бруто износ од еден милион и 170 илјади денари, а ги немал пријавено во анкетниот лист, дал изјава дека евидентираните приходи ги нема добиено, ниту има примено толкава сума на добивка. Откако било проверено во финансиска полиција, МВР и сите други надлежни институции, од страна на Управата за финансиска полиција, ДКСК добила известување дека постапуваат по пријавата и по извршените полициски увиди од нивна страна, ќе поднесат соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.

„Сите институции велат не можеме да го проверуваме кешот од играчите на среќа, казина и други. Никој нема контрола на тие пари. Ова е системска корупција“, вели Трпеноски кој уште еднаш ги повика сите граѓани доколку имаат податоци за вакви случаи да ги достават до ДКСК, за да се открие, како што рече, „шемата“.

За Софка Пејовска Дојчиновска станува збор за добро организиран криминал и побара сериозно да се повика Основното јавно обвинителство за гонење корупција и организиран криминал. Според неа, она што до ДКСК досега допреле информации, се капка во море, и како што рече, се краде идентитетот на граѓаните.

Шемши Салаи, член на ДКСК, наведе дека можат да се проверат сите исплати што ги прават обложувалниците и казината, но дека има случаи каде се украдени лични податоци и исплатите се вршени на име на други лица. Тоа, според Салаи, е навистина организиран криминал за перење пари и по тоа треба да се постапи.

Тој образложи таков случај со поранешната министерка и пратеничка Елизабета Канческа-Милевска, која навремено имала поднесено анкетни листови, но во годишната даночна пријава за 2018 година кај нејзиниот сопруг не била наведена добивка од игри на среќа во износ од еден 1.060.166 денари. Заради проверка на тие податоци, ДКСК се обратила до Канческа-Милевска и таа изјавила оти ниту нејзиниот сопруг, ниту таа никогаш ниту играле, ниту добиле таков износ и оти тоа е некакво подметнување.

На денешната седница на ДКСК беше и предметот воден од Нури Бајрами, член на комисијата, за Ева Шуклева, која за сите функции и позиции на кои била именувана не поднела анкетен лист за имотна состојба. Шуклева, како што информираше Бајрами, поднела анкетен лист на 06.09.2017 година при нејзин избор за претседател на Надзорниот одбор на АД МЕПСО. Таа на 25.07.2019 година поднела оставка на функцијата, а на 26.07.2019 година е именувана за член и претседател на Управниот одбор на МЕПСО. Од оваа функција е отповикана на 01.12.2020 година и истиот ден е именувана за член на Управниот одбор и заменик на генералниот директор на фирмата.

Нури Бајрами кажа дека Шуклева за сите наброени функции и позиции, не поднела анкетен лист или изјава за промена на имотната состојба. Тој потсети дека службено лице при секое именување и разрешување треба во рок од 30 дена да достави изјава за имотна состојба и интерес.

„За двете наведени функции, согласно Законот за прекршоци има застареност, а за двата случаи во текот на 2020 година се поведени прекршочни постапки. Глобите се платени, но е побарано да достави анкетен лист за најновата состојба“, рече Бајрами, додавајќи дека по барање на членовите на ДКСК и на јавноста иницијативата е покрената по последната одржана седница на Комисијата на 16.12.2021 година и сѐ уште се чека да биде доставен анкетниот лист.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе