Протест пред Собранието

Организаторите бараат безусловно ослободување на осудените за „27 април“ и поништување на пресудите

„Бараме од Врховниот суд да ги укине пресудите, да го поништи судењето и да има ново судење бидејќи пресудите се базираат на лажни сведочења. Бараме оставка на Владата, распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори“. Ова се дел од барањата од Декларацијата што беше прочитана на вечерашниот протест, кој заврши пред Собранието, а на кој присуствуваа неколку илјади граѓани.  Обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“, според организаторите на протестот, се политички монтирани. 

Оперскиот пејач Игор Дурловски, кого судот го ослободи од вина за настаните од 27 април, од говорницата читајќи го текстот на Декларацијата рече дека „Македонците по род во светот и во Татковината, бараат од Врховниот суд безусловно ослободување на сите кои се осудени и поништување на пресудите во, како што е нагласено, политички монитраниот процес“.

Тој нагласи дека се бара одговорност од судиите и обвинителите и дека се бара реформирање на правосудството со цел тоа да стане независно од политиката.

Протестот го организираа македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25 април.

Протестот пред Владата и пред Собранието беше одржан под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите".

„Бараме правично судење", „Издржи тато", „Ченто Прилеп е со тебе" се само дел од транспарентите кои ги носеа присутните на протестот. Дел од нив ги носеа македонското знаме и знамето од Вергина.

„Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд. Процесот мора да се врати отпочеток и да не си игра Заев со трпението на народот“, им изјави на новинарите Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на народот и му е преку глава и дека чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд.

„Народот е на работ на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и Владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе. Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај. Нашето барање е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за денеска Кацарска да стане претседателка на Уставниот суд“, рече Мицкоски.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе