Во соопштението на ЕК, како што информира МИА од Брисел, се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ.
Комисијата вели дека договорот ќе содржи и „силни одредби за заштита на темелните права".
Предлогот сега треба да го одобрат земјите членки на ЕУ за да може договорот да биде финализиран и да стапи на сила