Да се потпише договорот меѓу ЕУ и Македонија, Брисел ги повика земјите членки

Европската Комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за Фронтекс. ЕК предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, го поднесе на 23 септември до Советот, т.е. земјите членки на ЕУ. Договорот до сега е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик" во текстот на договорот.

Во соопштението на ЕК, како што информира МИА од Брисел, се наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ.

Комисијата вели дека договорот ќе содржи и „силни одредби за заштита на темелните права".

Предлогот сега треба да го одобрат земјите членки на ЕУ за да може договорот да биде финализиран и да стапи на сила

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе