Заклучоци на Советот за општи работи

Да се почитуваат препораките на Антикорупциската комисија, а опозицијата да ги поддржува реформите

Со нетрпение се очекува да се одржат првите меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро откако ќе бидат одобрени преговарачките рамки, пишува во заклучоците од Советот за општи работи во кои, веројатно на инсистирање на Бугарија, за земјава се користи долгото име Република Северна Македонија, додека за другите држави се користат кратките имиња. 

Во заклучоците за проширувањето на ЕУ во делот за Македонија се поздравува напредокот во владеењето на правото во нашата држава.

„Советот го поздравува тоа што е постигнат напредок во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и посветеноста на владата да го одржи и забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ. Одржливоста на овие структурни реформи е долгорочен процес, кој бара континуиран ангажман и од власта и од опозицијата. Советот ги охрабрува сите страни да продолжат да го продлабочуваат моменталниот реформски моментум и да го подобруваат конструктивниот дијалог“, пишува во заклучоците.

Исто така се препорачува државните институции да ги почитуваат препораките на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и да се продолжи со реформите за кои е потребен ангажман и од власта, но и од опозицијата.

Во однос на борбата против корупцијата, пак, се нотира оти се забележани напори во таа насока, вклучително и со случаи на корупција на високо ниво. 

Во областа на правосудството, Советот на ЕУ го поздравува тоа што е постигнат одреден напредок во имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудството, со што дополнително се адресираат препораките од Венецијанската комисија и Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото. Советот нагласува дека фокусот треба да биде ставен на континуирана имплементација на постоечките стратегии и закони и користење на алатките, кои се веќе поставени, во согласност со стандардите на ЕУ. Независноста, професионалноста и непристрасноста на судскиот систем треба да се обезбедат, надградувајќи го веќе постигнатиот напредок.

Во заклучоците од Советот нотиран е и одреден напредок во јавната администрација, за што исто така се нагласува оти е од суштинска важност да се запазат принципите на транспарентност и правична застапеност, вклучително и преку подобрување и имплементација на законските рамки.

Во однос на економските реформи, пак, Советот ја охрабрува земјава да продолжи да ги исполнува барањата на внатрешниот пазар на ЕУ и да се справува со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата. Исто така, оттаму охрабруваат да се имплементираат политиките утврдени во заклучоците од економскиот и финансискиот дијалог.

Во однос на разузнавачките и безбедносните служби, пак, Советот на ЕУ констатира дека е спроведена сеопфатна реформа во соработка со НАТО и партнерите, но порачува и дека треба да се зајакне парламентарниот надзор над овие служби.

Советот на ЕУ се осврнува и на локалните избори кои се одржаа во октомври за кои констатира дека, според ОБСЕ/ОДИХР, биле конкурентни и се почитувале основните слободи и права, меѓутоа се посочува и дека има бројни недостатоци во правната регулатива поради што е потребно да се преиспитаат законите кои се однесуваат на изборите.

Во однос на пописот, пак, се поздравува тоа што тој бил завршен и се нагласува оти се очекува резултатите да бидат објавени во наредните месеци.

Во делот за добрососедските односи во заклучоците, Советот нагласува дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат меѓу суштинските елементи важни за процесот на проширување, како и за процесот за стабилизација и асоцијација.

Исто така, Советот посетува и дека е важно да се постигнат опипливи резултати и со спроведувањето на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија.

 

 

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе