Ќе бара да биде свикан Централниот и Извршниот одбор

Заев најави нов лидер на СДСМ

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев ќе побара од органите на партијата во вторник да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер. Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада.

„Органите и телата на партијата ќе го кажат тоа. СДСМ нема донесено одлука. Мојот личен став од досегашното искуство и минатото во нашата држава кога еден човек бил премиер, а друг претседател на владејачка партија, е дека лидерот на партијата треба да биде и мандатар затоа што во тој случај и одговорноста и легитимитетот е комплетен“, рече Заев.

Нагласи дека останува на неговата јавна објава за оставка и од функцијата претседател на Владата и лидер на партија и дека ќе ги депонира оставките до надлежните институции веднаш штом биде осигурно парламентарното мнозинство.

„Ако се гледа како се поставките по Устав, до 14 декември не се стига за изборот на нова влада и нов мандатар. Логично е СДСМ да го искористи овој период и да го избере својот претседател. Затоа ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира мојата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата. Зборот е збор и ќе се радувам да дочекам ваква големина и даден збор од други политичари. Ако се успее во целиот овој период, а верувам дека може, СДСМ да има избрано претседател тој би требало да биде идниот мандатар односно да предложи нова Влада. Кога имате нов мандатар, треба да имате и нова влада, а не реконструкција на влада“, нагласи Заев.

Во однос на информациите објавени во дел од медиумите дека Димитар Ковачевски ќе биде новиот лидер на СДСМ и новиот мандатар, Заев рече дека претстои процес на избор од страна на членството на СДСМ и оти партијата преку непосредни избори ќе одлучи кој ќе биде идниот лидер.

За денешното присуство на Ковачевски на состанокот со Алтернатива, Заев рече дека тој е член на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на партиската Комисија за финансирање и буџет, како и докажан кадар кој комплетно е подготвен да помогне во денешните разговори.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши прашан колку за неговата партија е прифатливо да има нов мандатар и комплетно нова влада, рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на партијата и оти очекува идниот наследник на Заев да го продолжи континуитетот на разговорите.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе