По повод Свети Сава

Цвијановиќ и Стајиќ се сретнаа со Максим Димитриевски

Во посета на Македонија од денеска престојуваат министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ и претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, како дел од активностите поврзани со одбележувањето на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава.

Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, рече дека со задоволство ја започнува својата официјална посета на Македонија во Куманово, пријателска локална заедница која има добра долгорочна соработка со општините во Српска.
Цвијановиќ изјави дека оваа соработка во моментов е на полето на културата, со тенденција за проширување на економска соработка, за што било разговарано на средбата.
Таа истакна дека ја радува фактот што сите народи, вклучително и српската заедница во Куманово, живеат во хармонија и ги почитуваат потребите на сите етнички заедници.
„Тоа е одличен пример за соживот. Мислам дека односите меѓу Република Српска и Северна Македонија, но и другите земји од регионот треба да се продлабочат и прошират. Имаме огромен економски потенцијал, но и силен политички капитал и врз основа на тоа ни треба да изградиме подобри односи, инфраструктура, да ги поврземе нашите граѓани во сите области“, изјави Цвијановиќ за РТРС.
Таа им се заблагодари на претставниците на Куманово за гостопримството и прославата на Савинден, кој, како што рече, е важен датум за српската заедница што живее во овој град.
На средбата со градоначалникот Димитриевски, Цвијановиќ беше придружувана од почесниот конзул на Србија во Македонија Владимир Стајиќ, па оттаму стана збор и за скорешното отворање на конзулатот што ќе биде со седиште во Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се заблагодари за посетата на високата делегација од Република Српска, предводена од претседателката Жељка Цвијановиќ.
„За нашата општина ова е важен ден и важна посета, особено за српската заедница. Разговаравме за многу теми. Важно е да се каже дека имаме соработка со многу општини од Република Српска и БиХ“, рече Димитриевски.
Тој рече дека на денешната средба се разговарало како и на кој начин да се подобри досегашната соработка, но и повеќе да се заснова на економската соработка.
На средбата присуствуваа и амбасадорот на БиХ во Северна Македонија Драган Јаќимовиќ.
Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ денеска ќе се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски, а вечерва ќе присуствува на Академијата во чест на Свети Сава по повод националниот празник на Србите во Македонија. Во официјалниот дел од програмата предвидено е да им се обрати на гостите.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе