Претседателот на бугарскиот Евроатлантски центар за безбедност

Цветанов: Оние кои бараат провокација во односите Софија-Скопје му штетаат на добрососедството

Политичарите кои сакаат да профитираат од постојаните провокации меѓу Бугарија и Северна Македонија можеби ќе имаат краткотрајна добивка, но долгорочно немаат визија и му штетат на доброседството и пријателството меѓу двете земји, смета Цветан Цветанов, претседател на бугарскиот Евроатлантски центар за безбедност.

Цветанов, во изјава за БГНЕС вели дека политичарите од Бугарија и Северна Македонија треба да ги надминат несогласувањата, да бидат обединети и да соработуваат, бидејќи како што наведува, денес светот е многу поразличен отколку што беше пред неколку децении.

Според него, државите од Западен Балкан се стремат да бидат дел од силна и обединета Европа без граници и ограничувања, но предупредува и дека постојат многу земји кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ и полноправна членка на НАТО.

„Ние сакаме да ѝ помогнеме на Северна Македонија и тука мора да му се оддаде признание на бугарското претседателство со ЕУ, кое ја држеше на агедната темата за Северна Македонија“, вели Цветанов.

Но, сепак, како што додава, Софија заостанува во односите со Скопје, дури и зад Атина која по решевањето на спорот за името гради добри релации со северниот сосед.

„Проблемот е сериозен затоа што Грција која беше многу порезервирана кон Северна Македонија денес има многу подобра основа за градење партнерство со неа, додека Бугарија малку заостанува“, рече Цветанов.

Неопходно е, вели тој, да се работи на интензивирање на соработката, што ќе ја зацврсти економијата, безбедноста и стабилноста на целиот регион. Таков проект за развој на регионот, како што посочува, е „Триморие“ во кој се вклучени осум земји меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.

„Триморие е исклучително важен затоа што ни овозможува да спроведуваме проекти што ќе обезбедат безбедност и стабилност на овој регион. Земјите од Западен Балкан се исто така подготвени да се приклучат на тоа во подоцнежната фаза. САД и Германија, кои не се членки на Триморие, веќе носат сериозни одлуки за поддршка на оваа иницијатива“, рече Цветанов, потсетувајќи дека за време на безбедносната конференција во Минхен, американскиот државен секретар Мајк Помпео објавил дека Вашингтон ќе го поддржи проектот со една милијарда долари.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе