„Бугарија го користи членството во ЕУ“

Црвенковски со одговор до Софија: Македонски говореле генерации што живееле пред да се родат и Тито и Сталин (ВИДЕО)

Бугарија, користејќи го членството во ЕУ, сака денес да го добие тоа што не успеа со балканските и двете светски војни, оцени поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски во обраќањето на Форумот за Западен Балкан во Сараево.

Фото: Роберт Атанасовски

„Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна од ’41 до ‘45 со оружје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го своето членство во ЕУ и правото на вето за носење одлуки. Ставот на Бугарија мене ми е потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ“, изјави Црвенковски.

Поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев, пак, ги повтори познатати тези за македонскиот народ и јазик како Титова творба.

„Тоа е млада држава, млада нација, се разбира може да се нарекуваат како што сакаат. Да го нарекуваат јазикот како што сакаат. Но повторно веројатно знаете многу добро дека немало македонски јазик пред да го создадат и тоа е историски факт, тој е создаден од Тито, од Коминтерната, од Тито и Сталин во манастир и ги имате сите историски факти за тоа. Но овие историски докази не треба да бидат скриени и изманипулирани“, рече Плевнелиев. 

На ова следуваше остра реакција од Црвенковски.

„Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говореле мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене, коишто биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин.

Значи никој, јас барем никого не знам, нема успеано во историјата на вештачки начин да креира нова нација. Имало обиди, но ниту еден успешен“, изјави Црвенковски.

Тој потсети дека секоја земја од Западен Балкан има поставено стратешка цел - членство во Европската Унија.

Говорејќи за искуството на Македонија на тој пат, рече дека земјата не може да направи ниту еден чекор напред 12 години и потсети на барањата на Грција, Франција и Бугарија, кои, како што рече, немаат никаква врска со пропишаните критериуми од страна на Европската комисија неопходни за почнување на преговорите.

Црвенковски уште потсети дека земјата дури го смени и името, но и дека процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е забавен, или како што вели тој, практично запрен. 

„Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи. Да не бидам погрешно разбран, како алтернатива не ги сфаќам ниту Истокот ниту Далечниот исток”, рече Црвенковски, објаснувајќи дека земјите од регионот треба да „се европеизираат со свои капацитети“.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе