Подгорица

Црногорското МВР потврди: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти земјата истиот ден

По албанското Министерство за внатрешни работи и МВР на Црна Гора вечерва потврди дека Никола Груевски кој избега од Македонија, на патот кон Унгарија од Албанија влегол во Црна Гора и истиот ден ја напуштил земјата. 

„По повод наводите кои се објавени во медиумите, како и интересирањето на медиумите по ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дали поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, поради вистинитоста на информирањето на јавноста го објавуваме следново: Никола Груевски ја напуштил Црна Гора истиот ден кога влегол во нашата земја. Црногорската полиција во целост ги испочитувала законските процедури“, се наведува во соопштението на управната полиција во Црна Гора.

Во соопштението нема детали од кој граничен премин Груевски заминал од земјата, ниту со каков документ.

Претходно албанската полиција соопшти дека Груевски, кој избега во Унгарија, преку албанската граница заминал за Црна Гора на патот кон Будимпешта. Албанската полиција јави дека Груевски ја поминал границата преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, во возило во сопственост на унгарската амбасада во Тирана.

 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе