ШТРАЈК ВО МПМ

ЦРМ: Борбата за социјални права на новинарите е предуслов за слобода на медиумите

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) го поддржува штрајкот на новинарите во „Вест“, „Дневник“ и „Утрински весник“ во најголемата медумска издавачка куќа Медиа принт Македонија.На Денот на македонското новинарство, 17 февруари, наместо награди и славење, најголем дел од новинарите и другите медиумски работници во Медиа принт Македонија стапија во штрајк на неопределно време, соопшти ЦРМ.

„Борбата за социјални права и статус на новинарите се основни предуслови за нивната слобода, но и за постоење на слобода на медиумите, слобода на изразување и демократија во македонското општество. Егзистенцијалната несигурност, доцнењето на срамно ниските плати, стравот дека ќе ја загубат работата, постојаните политички притисоци ги одвраќаат новинарите од исполнувањето на нивната професионална функција и задачи.

Поради високо изразениот клиентелизам кон власта овие медиуми од совест на општеството и чувари на демократијата, станаа чувари на ликот, делото, моќта и богатството на политичките налогодавци и на политичките и деловните интереси на нивните сопственици.

Овие медиуми, наместо чувари на граѓаните од самоволието на политичките елити, ја чуваa постоечката власт од народот, сѐ додека нивните сопственици „демократски“ не се престројат и фатат приклучок со новите властодршци. Сопствениците наместо да го развиваат медиумскиот бизнис и квалитет, новинарските стандарди и довербата кај читателите, се врзуваат со политиката за да го заштитат и „унапредат“ својот бизнис  со државна буџетска тендерска синекура“.

Центарот за развој на медиумите го подржува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) и синдикалните групи во „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, и ги охрабрува да опстојат на своите барања за исплата на платите, за подобрување на условите за работа, почитување на професионалните новинарски стандарди и новинарската слобода. 

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе