Охрид

ЦО на СДСМ вечер ќе одлучува за новото партиско раководство, но и за најавената „метла“

Денеска со почеток од 16 часот во салата во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ. На седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство, се вели во партиското соопштение.

По најавите на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев дека ќе го врати мандатот ако Македонија не добие датум за преговори со ЕУ и ветувањата од европските престолнини дека тоа ќе биде сторено во октомври, на денешната седница на ЦО на СДСМ се очекува една од главните теми да биде најавената „метла“ и реконструкцијата на Владата. По претседателските избори, високи функционери на СДСМ изјавуваа дека ја разбрале пораката на народот и дека ќе мора да има „метла“ меѓу одговорните претставници на власта. Заев најави и реконструкција на Владата со најмалку шестмина нови министри. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе