Претседателски избори 2019

Цивил: За ДУИ Стево Пендаровски е само консензуален кандидат

Партиите на Албанците во Македонија водат партиска наместо претседателска кампања. На партискитте собири на ДУИ, ДПА и Алтернатива се води партиска, а не претседателска кампања, сметаат од граѓанското здружение Цивил.

Во изборниот мониторинг на Цивил наведено е дека овие партии иако официјално стојат зад кандидатурата на Пендаровски, не одат на неговите митинзи, водат свои кампањи исклучиво со партиски симболи и реквизити, промовирајќи ја својата политика.

„ДУИ води политичка кампања без да го спомене името, ниту обезбедува присуството на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Насекаде на нивните пропагандни материјали стои изразот „консензуален претседател“. Но, ако на ДУИ му фали само името на кандидатот, другите албански партии немаат воопшто ниту еден елемент од претседателската кампања или кандидатот што го поддржуваат.

ДПА и Алтернатива на Африм Гаши, која произлезе од поделбата на партијата Беса, си водат кампања исклучиво со партиски симболи и реквизити што наликува на партиска кампања и оддава впечаток како да се на парламентарни избори. И на последните митинзи на партијата на Мендух Тачи и на оние на партијата на Африм Гаши, во позадина стојат само партиското име, партискиот симбол и партиските слогани. Во нивните средби со граѓаните, иако се зборува за претседателските избори и се правда поддршката на Стево Пендаровски, од него нема ни име, ни збор, а го нема ниту редниот број кој треба да се заокружи во гласачкото ливче.

На последните митинзи, ДУИ, ДПА и Алтернатива, почнаа да ја пренасочуваат дури и предизборната реторика. Сè повеќе, партиските челници овие митинзи почнаа да ги користат за размена на обвинувања и сè повеќе се зборува за тоа кој и што направил за Албанците.

По сѐ изгледа, предизборната претседателска кампања на албанските партии уште поилустративно го прикажува карактерот на овој изборен процес, како и тоа што може да нѐ очекува на политички план во најблиска иднина“, се вели во анализата на Цивил.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе