Предвремени парламентарни избори

Цивил: Висок одѕив на голем број избирачки места

Мониторингот на Цивил утринава бележи мирен почеток,  со навистина висок одѕив во голем број избирачки места и ситни нерегуларности. Ова го соопшти на прес-конференција претседателот на Цивил Џабир Дерала.

„Набљудувачите на Цивил го набљудуваа отворањето на повеќе од 200 избирачки места низ целата земја. Сите избирачки места на кои се нашле нашите набљудувачи се отворени на време. Самите избирачки места се уредни и прописно подготвени за денешниот изборен ден“, информира Дерала.

Од нерегуларностите, Дерала наведе дека во Избирачкото место 836 во Кочани,  има групирање на луѓе, а се бележи и обид за семејно гласање, кој бил спречен од Избирачкиот одбор. Во Избирачкото место 2.042 во Брвеница, се бележи случај на неовластено присуство во избирачкото место. Едно лице, како што рече, е присутно таму под изговор дека е партиски набљудувач на одредена партија, но без потребното овластување. Се создала тензија, а двајца членови на Избирачкиот одбор (ИО) му пружаат поддршка и му дозволуваат да остане во избирачкото место, без оглед на тоа што не поседува потребни овластувања.

Што се однесува до мерките за заштита од коронавирусот, се бележи дека во Избирачкото место 2.873 во Општина Чаир членовите на Избирачкиот одбор не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе