Повик до институциите да реагираат

ЦИВИЛ најостро ја осудува злоупотребата на децата во политички цели

Центарот за слобода се констатира дека политичката злоупотреба на децата продолжува со несмалено темпо. Децата се во првите редови на митинзите и се употребуваат во видео снимки, пропагандни спотови и фотографии што се објавуваат на социјалните мрежи и во медиумите, како да не постојат јасни домашни и меѓународни кои таквата злоупотреба ја забрануваат.

ЦИВИЛ најостро ја осудува злоупотребата на децата и малолетниците во политички и изборни цели и уште еднаш ги повикува институциите веднаш да реагираат и да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин. Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.

„СТОП за политичката злоупотреба и индоктринација на децата! Како и во своето претходно соопштение, ЦИВИЛ уште еднаш ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Голем број деца немаат пристап до квалитетно образование, здравствена заштита и достоинствени услови за живот. Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневно политичките случувања“, велат од ЦИВИЛ. 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе