ВО ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ

Циркусот продолжува, во Собранието Димовски му ја одзеде картичката на Џафери

Во Собранието, вечерва, по истекот на едночасовната пауза на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. 

Претходно повторно се случи инцидент, откако Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му ја извади картичката на претседателот на Собранието Талат Џафери. Пред ова, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски побара пауза од еден час, а доби пауза од 10 минути.

Димовски од собраниската говорница рече дека не сака да се предизвикуваат немили настани во собраниската сала, но дека и за љубов и за кавга се потребни двајца.

Се замеша и обезбедувањето да ја чува картичката на претседателот на Собранието Џафери, а околу собраниската говорница повторно се собраа пратениците на опозицијата. „Секој ден ни викаш полиција. Ова е окупација на парламентот. Ова го нема нигде. Македонскиот народ го гледа ова“, извикуваше пред насобраните пратеници Влатко Ѓорчев.

Џафери даде пауза од еден час.

И денешната собраниска расправа помина во реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Барањето на Владата за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е неосновано и неаргументирано.

Собранието утре напладне ќе ја продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе