Грчкиот премиер на северот на земјата

Ципрас: За Солун, Македонија и Грција нема враќање назад

Грција е водечка сила на Балканот и во Источен Медитеран и нема враќање назад, рече премиерот Алексис Ципрас вечерва во Солун во обраќањето пред својата партија.

Ципрас зборуваше за Преспанскиот договор, презентирајќи го како чекор напред во односите меѓу народите на Балканот. Во исто време, тој го пофали Солун поради „хармоничниот соживот на различни култури и традиции, тешката историја и големите демократски борби“.

„Нема да дозволиме тој да стане град на екстремната десница и на омразата, бидејќи Солун, Македонија и Грција нема да се враќаат назад“, истакна тој, пренесе Грик рипортер.

Тој рече дека „Солун денес реагира на темнината, омразата, национализмот и експлоатацијата на патриотизмот“, додавајќи дека „демократскиот народ во Македонија денес испраќа порака на отпор, слобода, демократија“, всушност мислејќи на северна Грција.

Ципрас продолжи: „Ние нема да дозволиме политичарите што ја ограбиле нашата татковина и ја фрлија на работ на банкрот, денес да глумат патриоти и да одат рака под рака со неонацистите на Златна зора“, рече Ципрас.

„Нема да дозволиме политичарите што земаа мито од Сименс и Новартис левицата да ја нарекуваат предавници“, додаде тој.

Околу 2.000 полицајци беа присутни во градот за да спречат немири, додека властите беа на штрек поради две лажни пријави на бомби.

Пријавата на бомба преку телефонски повик во Палатата на спорт, стадионот каде што зборуваше премиерот, се покажа лажна.

Претходно во градот, кај Белата кула, се одржаа демонстрации против употребата на зборот „Македонија“, а анархистички групи одржаа контрамитинг во Камарес.

За време на говорот на Ципрас, демонстрантите се обидоа да се пробијат во канцелариите на партијата СИРИЗА, но полицијата ги оттурна назад. Немирите беа проследени со солзавец и бучни гранати од страна на полицијата, при што демонстрантите се повлекоа назад кон Белата кула.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе