Ципрас за договорот од Преспа: Беше смела и тешка политичка одлука, но за која сум горд

„Донесовме тешка политичка одлука, одлука која што не се осмелија да ја донесат моите претходници, спротивно на струјата на популизмот и иако имаше влијание и политичка цена во цела Грција", горд сум за ова, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ во однос на Договорот од Преспа и последиците од него за актуелната влада„, јави дописничката на МИА од Атина.

„Морам да признаам дека беше смела и тешка политичка одлука, но за која сум горд. Горд сум и јас, и мојата влада и секако, сигурен сум дека е горд и тогашниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, што и се спротивставивме на струјата од тој период за да го одбраниме националниот интерес, бидејќи сите оние кои сметаа дека ќе биде централната тема во предизборната конфронтација, не беше, и не беше бидејќи не изгубивме никаква Македонија, не само што не изгубивме туку се надгради престижот на земјата, рече грчкиот премиер и истакна дека сега земјата е во позиција да може да се насочи кон истокот „каде што е и вистинската опасност“.

Ципрас додаде дека во исто време, грчките, а не турските, воени авиони „се оние кои го надгледуваат воздушниот простор на соседната земја, која е стратешки сојузник“.

За влијанието на договорот, Ципрас објаснува дека постои и влијание и политичка цена, но не во северна Грција како што некои очекуваа и предвидуваа, туку во целата земја, бидејќи Договорот од Преспа ги фрли во сенка позитивните економски владини мерки.

„Горд сум, но сметам дека имаше влијание. Може не се гледа во северна Грција, но имаше во цела Грција. Бидејќи во клучниот период кога земјата излегуваше од меморандумите и земјата дишеше, а јас на Меѓународниот саем во Солун, како премиер, прв пат по осум години најавив позитивни мерки, создаде клима на политичка конфронтација и поларизација, широка поларизација, во која преовладуваше идентитетската, а не економската тема, што во втор план ги стави закрепнувањето, просперитетот и надежта што по големи тешкотии конечно дојде за земјата. Што значи дека ни направи штета. Имаше политичка цена, но не цена на поделба меѓу север и југ, како што некои прогнозираа, туку постоеше на ниво на цела Грција“, објасни Ципрас.

Во однос на коалицијата со Независни Грци, Ципрас рече дека под нормални услови, требаше да заврши, не во август минатата година кога земјата излезе од меморандумската политика, туку веднаш по потпишувањето на Договорот од Преспа, но тоа не се случи бидејќи, како што објасни, „не можеше да се формира алтернативно прогресивно мнозинство со Движењето на промена и Река, бидејќи и тие му се приклучија на анти-СИРИЗА фронтот“.

Грчкиот премиер во интервјуто за ЕРТ што траеше час и 45 минути, потврди дека предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на 7 јули.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе