Ципрас во Скопје во првата недела од април

Посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Скопје се планира за првата седмица од април, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, но не го потврдува даумот 2 април што сѐ почесто се споменува во изминатиот период.

Во интервју за „Њуз247“, Катругалос, во однос на шпекулациите во Грција за размена на споменици, рече дека некои, комуникациски, се обидуваат да управуваат со обидите што се прават за да се изградат добри односи, пренесува МИА од Атина.

„Се обидуваме да најдеме начини со луѓе на кои не им велевме добар ден, заедно да планираме промоција на заедничките интереси и стабилизација на регионот. Размислуваме за потези што на нашите народи ќе им покажат дека климата навистина е подобрена. Овие потези, ќе ги правиме внимателно“, објасни Катругалос.

Тој, исто така говори за реакциите за Договорот од Преспа, особено во северниот дел на Грција и рече дека „постои емоционална реакција”, но со текот на времето сите ќе ги сфатат придобивките, особено економските, од решението меѓу двете земји“.

„Имаме повредена национална гордост од времето на меморандумите и лесно, еден позитивен договор може да се прочита низ очила што го менуваат. Моето лично мислење е како што поминува времето, како што во Северна Грција ќе почнат да ги сфаќаат, во првата фаза, економските придобивки што ќе ги има Северна Грција од договорот и во реалноста ќе стане центарот, срцето на економијата на еден обединет балкански простор што ќе има 50 милиони, потоа ќе можат смирено да ги разгледаат многу важните придобивки од Договорот од Преспа за нашата земја“, изјави Катругалос.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе