За Договорот од Преспа

Ципрас: Верувам дека многу земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, ќе стават Северна пред Македонија

Имаме многу важен договор со северните соседи, договор што се однесува на перспективата на соработка и мир во регионот, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за руска емисија, објаснувајќи дека за Грција, Договорот од Преспа не е поврзан со одлуката на соседот да влезе во некоја меѓународна организација, туку е поврзан со решавањето на едно историско нерешено прашање“.

Ципрас, како што пренесува МИА од Атина, изразил надеж дека од сега па натаму голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, „ќе престанат да ја признаваат соседната земја под нејзиното денешно уставно име и ќе ја стават географската одредница Северна“.

„Сметам дека овој договор е историски чекор, што за Грција воопшто не е поврзан со изборот на соседите дали ќе влезат во некоја меѓународна организација или не, но е поврзано со решавањето на едно историско нерешено прашање во однос на името на соседот, што верувам дека од сега па натаму ќе се промени и ќе им овозможи на голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, да престанат да ја признаваат под нејзиното денешно уставно име, односно името Република Македонија, туку ќе ја стават географската одредница Северна Македонија, бидејќи Македонија за нас е многу важен елемент на нашето античко-грчко, културно наследство и култура, па така, тука треба да постои јасна и искрена поделба. За мене ова е еден важен чекор“, вели Ципрас во интервјуто.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе