среда, 17 април 2024

Захарова за новиот закон за мобилизација: Зеленски сака да ги докрајчи Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со новиот закон за мобилизација ќе ги дотепа Украинците, оцени портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски го потпиша законот за мобилизација во Украина со кој се воведуваат значително поригорозни мерки од претходно.

„Сака да ги докрајчи Украинците“, порача Захарова на Телеграм.

Воените обврзници имаат рок од 60 дена од денот на стапувањето на сила на законот лично или по електронски пат да ги ажурираат податоците во воениот регистар.

Повикот ќе се смета за примен и без лично врачување, на пример ако лицето не е затекнато дома, а за датум на „врачување“ ќе се смета денот кога е ставен печат за неможност за доставување.

За кршење на сите норми се предвидени неколку казни – од големи парични, преку ускратување на правото за управување со автомобил, до присилно доведување во воена канцеларија со полиција.

Меѓу лицата кои не можат да бидат мобилизирани се полицајците, телохранителите на пратениците и сопствениците на големите стратегиски претпријатија, односно големите бизнисмени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ