Дубровник

Ципрас: Решението меѓу Грција и Северна Македонија е клучно за регионот

Заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање во Дубровник за време на Конференцијата на иницијативата „16+1", јави дописничката на МИА од Атина.

„Сметам дека ова е многу критичен момент за светските и регионалните случувања и треба кризата да ја оставиме зад нас и да изградиме нови темели за поддршка на нашата регионална и глобална соработка. Па така, она што ние се обидуваме да го постигнеме е да се соочиме со предизвиците како што се споровите во нашиот регион. Конкретно, неодамна, заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот“, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Конференцијата и ги спомена, „грчките иницијативи за привлекување инвестиции во регионот“, како што е кинеската инвестиција „ Cosco“ во Пиреја и соработка за иницијативата „One Belt, One Road“.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на маргините на конференцијата била одржана и средба на премиерите на Северна Македонија, Грција и Хрватска на која станало збор за соработката меѓу трите земји.

„Според дипломатски извори, хрватскиот премиер им честиташе на Грција и Северна Македонија за Договорот од Преспа. Во овој контекст, се разговараше за соработката на Грција и Хрватска за почеток на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ“, објави АНА-МПА.

Грција оваа година прв пат учествува во Иницијативата 16+1. Претходно, причината за неучеството беше поради тоа што Кина и останатите земји учеснички ја имаа признаено Република Северна Македонија под тогашното уставно име.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе