Грчкиот премиер оптимист

Ципрас: Поминавме поголем дел од патот, стигнавме до критична точка, но последните чекори се најтешки

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на завршната прес-конференција во Софија го сподели оптимизмот на македонскиот премиер Зоран Заев дека до крајот на јуни може да има решение за името. 

„Постигнат е многу важен напредок, но има уште отворени прашања, иако го поминавме поголемиот дел од патот. Се уште не сме во позиција да зборуваме за финален дговор. Има уште чекори да се направат”, изјави Ципрас. 

Тој најави дека на почетокот на јуни може да има уште една средба со премиерот Заев, а како опција се разгледува таа да се одржи во Преспа и кажа дека е оптимист дека крајот на јуни може да има решение, а тоа е и целта. 

„Нашата цел е не да имаме кршливо решение кое може да биде изгубено за неколку месеци, туку да имаме договор кој ќе биде траен и кој ќе биде прифатен, односно усвоен од нашите граѓани и кој ќе го почитува културното наследство и историјата на двете страни”, изјави Ципрас. 

Според него, двете страни стигнаа до критична точка, но последните чекори се секогаш најтешки. 

Пред медиумите рече дека добрата дискусија со Заев во Софија била резултат на добриот напредок што бил постигнат во Сунио кај Атина, на средбата на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас со посредникот метју Нимиц. 

За ова прашање Ципрас, како што кажа, збирувал и со лидерот на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис и задоволен е што од него слушнал дека ја брани националната преговарачќка позиција на Грција. 

„Го поздравив овој став бидејќи покажува дека преговараме во името на сите Грци, вклучувајќи ги и оние кои имаат поголема сензитивност или несогласувања за прашањето. Климата на соработка барем за националните прашања ќе и помогне на нашата земја”, рече Ципрас. 

На прашањето дали разговарал за позицијата за прашањето на опозициските партии во двете земји, тој одговори, „се разбира, тоа е суштинско прашање”. 

„Не толку за нас, туку за нашиот сосед бидејќи нашиот став е дека се потребни уставни промени за кои треба двотретинско мнзоинство. Значи, да зборувавме за тоа”, додаде тој. 

Според него, врз Грција притиска историската одговорност како што кажа, „но ПЈРМ ја притиска времето”. 

Ципрас исто така изјави дека со премиерот Заев зборувал и ставот и позицијата на опозицијата во македонија, но не кажа детали. 

Претходно Ципрас, исто како и Заев за името разговараше и со францускиот претседател Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел. 

Изјавата на Ципрас, според грчки извори, се толкува како потврда на тоа дека во игра е добивањето датум за преговори за членство со ЕУ, а не за покана за членство во НАТО, бидејќи до самитот на Алијансата прекусо е времето за постигнување финално решение. 

Шпекулациите се дека „борбата” е Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, како и таканаречен роудмап со задачи или цели што треба да се постигнат, а се однесуваат главно за промени на Уставот. 

 

Од Софија за МКД.мк

Жана П. Божиновска 

 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе