Ципрас: Одбивањето почеток на пристапни преговори со Северна Македонија одлука во корист на силите на назадувањето и на национализмот

Одбивањето на почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија би било одлука во корист на силите на назадувањето и национализмот, рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас, според грчката новинска агенција АНА-МПА, во неговото обраќање за време на подготвителниот состанок на европската социјалистичка патртија во Брисел.

АНА-МПА повикувајќи се на грчки владини извори, објави дека во говорот, Ципрас ја споменал и европската перспектива на нашата земја, но и на земјите од Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

„Одбивањето да се започнат пристапни преговори со Северна Македонија, по сето она што го постигнавме со историскиот Договор од Преспа, би била одлука во корист на силите на назадувањето и на национализмот на товар на политиката на напредок, мир и пријателство на народите“, рекол Ципрас.

Грчкиот премиер, според АНА-МПА, се задржал и на кандидатурата на Манфред Вебер за позицијата претседател на Европската комисија, објаснувајќи дека сите прогресивни сили имаат одговорност да го спречат тоа, бидејќи една таква разврска би значела и официјално соработка на десницата со радикалната десница, а тоа би било катастрофално за иднината на Европа.

Ципрас паралелно изразил оптимизам за резултатите од евроизборите, но и загриженост за можниот пораст на радикалната десница.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе