Атина

Ципрас објави дека Договорот од Преспа е голема дипломатска победа на Грција (ВИДЕО)

Мојата земја извојува голема победа, со новото име, Република Северна Македонија, се отстрани иредентизмот што беше содржан во нивното уставно име, објави денеска Алексис Ципрас, премиерот на Грција на официјалната интернет страница на грчката влада.

„Со Договорот од Преспа се предвидува преименување на ФИРОМ во Република Северна Македонија на нашиот јазик, како што се изговара, во Република Северна Македонија, со тоа се отстранува иредентизмот што го содржеше нивното уставно име“, пишува на официјалната веб страница на грчката влада.

„140-те земји кои денес ги признаваат нашите соседи како Македонија, сега ќе ги признаат како Република Северна Македонија, бидејќи ова име ќе биде ерга омнес – за севкупна употреба, во странство и дома.

За првпат е предвидено дека нашите северни соседи и во иднина нема да можат да тврдат дека имаат каква било поврзаност со античката грчка култура на Македонија.

Договорот, исто така, предвидува дека државјанството во патните документи на нашите соседи нема да биде само македонско, како што е денес, туку: македонско/граѓанин на Северна Македонија, а Грција ќе го признае државјанството како 'граѓани на Северна Македонија'.

Преспанскиот договор е голема дипломатска победа, но и голема историска можност. Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии и нашата национална позиција, како што беше случај во последните 20 години. Ние ги обезбедивме, главните грчки тврдења, кои не се однесуваат само на нашето национално минато, туку и на сегашноста и на иднината.

Силна Грција, светилник на цивилизацијата, историјата и вредностите, грчки столб на стабилноста на Балканот, Источен Медитеран, Европа“, пишува на интернет страницата на грчката влада.

Истовремено, објавен е и краток документарец за потпишувањето на Договорот помеѓу Македонија и Грција во Преспа на 17 јуни.

Во дел од сцените на документарецот се гледа како грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски се договара со македонскиот премиер Зоран Заев на англиски јазик.

Ципрас му вели на Заев: „Ова е Балкан, ова е политика, ти ќе се соочиш со потешкотии, јас ќе се соочам со потешкотии, но мислам дека историјата ќе ја диктира нашата одлука“. На ова Заев му одговари: „Ова е историски момент, пријателе мој“.

На ова Ципрас рече дека е среќен што ќе биде првиот грчки премиер кој ќе ја посети Северна Македонија“.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе