Ципрас: Недавањето датум за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европскиот проект

По неуспехот на Европскиот совет да даде зелено светло за почеток на преговори со Македонија на Твитер се огласи и поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас,  со порака дека тоа е знак на слабост и пораз за европската структура.

„Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори со Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европскиот проект.

Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Им должиме на нашите граѓани да продолжиме да се бориме за иднината и единството на Европа“, напиша Ципрас на Твитер.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе