Поранешниот грчки премиер

Ципрас: Кога би требало, повторно би го потпишал Договорот од Преспа, свесен за политичката цена

Сакам да верувам дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката што ја направи со Северна Македонија и сакам да верувам дека многу брзо ќе се смени одлуката, бидејќи оваа одлука не е вечна, изјавил лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Во интервју за локалната телевизија „Флеш“ од грчкиот град Козани, како што пренесува МИА од Атина, Ципрас рекол дека неговата проценка е дека „Договорот од Преспа не е во опасност, а ако нешто е во опасност тоа е политичката стабилност во соседната земја“ и изразил надеж дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката и ќе ја смени одлуката.

„Според мое мислење оваа одлука беше погрешна и историски неточна, сепак, сѐ уште имам надеж дека оваа одлука ќе се промени и требаше грчката Влада да има главна улога за да се смени оваа одлука, но улогата ја имаат други влади, италијанската и други. Во секој случај, не сум загрижен за стабилноста на овој договор. Секако можеби господинот Мицотакис е загрижен, бидејќи ако дојде неговиот истомисленик, господинот Мицковски, ќе трча да го моли да не го оспори договорот, договор кој самиот го карактеризираше како штетен“, рече Ципрас.

Тој додал дека договорот не се оспорува, а можеби би се оспорил, „ако во иднина, во соседната земја победат националистите и на власт дојдат истомислениците на оние кои во Грција аргументираа против договорот“.

Истовремено, Ципрас ја критикувал актуелната грчка Влада во однос на позициите за Договорот од Преспа, велејќи дека станува збор за „најголемата политичка хипокризија во последните години“.

Прашан за тоа дали, гледано од овој временски аспект, повторно би го потпишал Договорот од Преспа, Ципрас вели дека одлуката би била иста и објаснува дека тогаш бил свесен за политичката цена, но преферирал да ја преземе политичката цена за да ѝ даде можност на земјата да се ослободи од тешко нерешено прашање во надворешната политика.

„Сметам дека кога се наоѓаш на одговорна позиција и седиш на премиерската фотелја, во националните прашања не можеш да работиш врз основа на критериумот политичка цена. Патриотската одговорност што ја имаш како премиер е да носиш тешки одлуки, во корист на татковината и не секогаш со критериум партискиот интерес. Во оваа смисла, да, повторно ќе го сторев истото, веројатно, сега кога отпосле знам колку, моите политички противници го доведоа до крајност прашањето, можеби ќе менаџирав поинаку, но одлуката ќе беше иста“, вели Ципрас и додава дека од договорот и многу придобивки и големи придобивки за сите, но и за локалното население.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе