Ципрас ќе ги брифира претседателот и партиските лидери за средбите со Заев и разговорите за името

По средбите во Софија на грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев, во Атина се најавува дека Ципрас планира да ги информира претседателот Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии за разговорите за името и најновиот развој на настаните.

И покрај оптимистичките изјави дека има напредок во преговорите, грчките медиуми ги пренесуваат ставовите на владата дека не се отстапува од позицијата за име за севкупна употреба и за промена на Уставот како главни услови за постигнување договор.

Овие две точки, според властите во Атина, се услов за интеграција на македонија во ЕУ и во НАТО.

 

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе