На 1 октомври

Ципрас и Заев пак заедно на конференција на „Економист“ во Скопје

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, следниот вторник, на 1 октомври ќе биде во Скопје, на конференцијата посветена на Западен Балкан што ја организира „Економист", jави дописничката на МИА од Атина.

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е насловен Самитот за Западен Балкан, на кој на различни панел дискусии ќе дебатираат, меѓу другите и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за финансии Нина Ангеловска, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, заменик претседателот на ЕП и европратеник од СИРИЗА Димитрис Пападимулис, поранешниот премиер на Белгија Гај Ферхофштад итн.

Конференцијата, официјално ќе биде отворена со обраќање на премиерот Заев на тема „Стабилност и развој во Југоисточна Европа, дали сме на правилниот пат?“

На посебна панел дискусија, во рамките на еднодневната конференција Заев, Ципрас и Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе