Aтина

Ципрас го добил предлогот од Коѕијас: „ГорнаМакедонија“, на „словенски“ и непреводливо

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас му го предал на премиерот Алексис Ципрас нацрт-договорот што наскоро ќе треба да му биде доставен и на македонскиот премиер, јавуваат грчките медиуми.

Договорот е на 20 страници, на кои Грција прифаќа четири од петте предлози на преговарачот на ОН Метју Нимиц за име на Македонија. Грчката страна од прва го отфрлила предлогот „Република Македонија - Скопје“. Во игра остануваат одредниците „нова“, „горна“, „северна“ и „вардарска“.

Грција во договорот предлага новото име да биде напишано на, како што велат грчките медиуми, „словенски“ јазик, за да биде непреводливо и за севкупна употреба.

Грчкиот весник Ефемерида и натаму тврди дека конечното име е веќе прифатено од двете страни.

„Грчката страна всушност успеа името не само да биде словенско, туку да биде изречено во еден збор „ГорнаМакедонија“, со што терминот „Македонија“ и не се содржи во името“, пишува весникот.

Се очекува Коѕијас наскоро да слета на скопскиот аеродром. Во Скопје во моментов се менуваат таблите со имињата на аеродромот и на автопатот. Неодамна со одлука на Владата аеродромот „Александар Велики“ беше преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“, а автопатот „Александар Велики“ во „Пријателство“.

Коалицискиот партнер во грчката влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија. Оваа позиција, уште еднаш ја повтори портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Во однос на прашањето со Скопје, Независни Грци во никој случај, нема да гласа за решение што ќе го вклучува името „Македонија“ или изведените зборови во името на соседната држава. А причината е дека употребата на името „Македонија“ од Скопје го поттикнува нивниот иредентизам. Од друга страна се чини дека е многу тешко, па дури и неизводливо, скопскиот премиер господинот Заев да ги убеди заедниците што ја сочинуваат државата дека треба да има промена на името и Уставот“, вели Пападопулу во интервјуто за АНА-МПА.

Портпаролката на Независни Грци додава дека Атина не е страната што брза за постигнување решение, а „Скопје и Албанија треба да сфатат дека Грција е клучната земја за нивна европска перспектива“.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе