Атина

Ципрас ги потсети грчките комунисти на „славомакедонскиот буквар што го делеа во Ташкент“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во синоќешниот говор за време на расправата во грчкиот парламент за Договорот од Преспа ги потсети пратениците на Комунистичката партија на Грција, кои нема да гласаат за договорот, на нивните заложби во минатото.

„Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на КПГ им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци од ДАГ. Ќе ги споменам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. Ќе ја споменам и славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жртва на граѓанската војна во Грција. За ова ве оставам да си размислите самите со себе. Со тие грижи што ги носите на совест, Ве оставам сами да се соочите“, рече Ципрас.

Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот.
„Да речеме дека ќе ја прифатам целосно вашата анализа дека договорот е диктиран од Западот, од меѓународниот империјализам или не знам што друго може да замислите. Под овој меѓународен договор, земајќи ја предвид волјата на нашите соседи да влезат во НАТО, што секако е нивно прашање. Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе, што велите? Ни велите дека терминот „Македонија", самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба", рече Ципрас во неговиот говор.
Грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина, во неговиот 70-минутен говор на расправата за ратификацијата на Договорот од Преспа, упати критики и до останатите грчки партии кои што се против Договорот од Преспа.

Ретко кој грчки политичар вака отворено се осмелил да зборува за ова болно прашање за Грција, за депортацијата на Македонците од северниот дел на Грција за време на Граѓанската војна во оваа земја.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе