Самит ЕУ-Западен Балкан

Ципрас: Европските социјалисти во Софија рекоа дека само прогресивни лидери можат да го постигнат овој напредок за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во екот на самитот на ЕУ-Западен Балкан во Софија на Твитер напиша дека Македонија и Грција направиле значајни чекори напред, но дека остануваат уште важни чекори што треба да се преземат пред да се постигне решение.

„Со големо задоволство гледам дека лидерите на социјалистите ги поздравија нашите напори за наоѓање заедничко решение за прашањето за името на ПЈРМ. На денешниот состанок на Партијата на европските социјалисти во Софија, тие истакнаа дека само прогресивни лидери можат да го постигнат ова“, напиша Ципрас пред утрешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев и додаде:

„Им се заблагодарив и признав дека навистина направивме значајни чекори напред, но сепак имаме важни чекори што треба да ги преземеме пред да можеме да постигнеме решение.“

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе