Ципрас: Договорот од Преспа има политичка цена, но не се плашевме од тоа

Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги направи радикалните промени што беа потребни во областа на човековите права, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во ексклузивното интервју за МИА пред утрешната посета на Скопје.

Во интервјуто Ципрас говори за претстојните разговори со македонскиот премиер Зоран Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, како и за важноста на Договорот од Преспа.

Според Ципрас, Договорот од Преспа инспирираше многумина кои препознаа дека е изводливо да се решат меѓународните разлики со заемно почитување, обезбедувајќи ги своите интереси без да ја понижиш другата страна.

„Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност, моја и на Зоран, е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња“, изјави Ципрас.

Според него, посетата на земјава е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји. Ципрас ќе дојде со 10 министри и во Скопје ќе се потпишат низа договори во различни области.

Тој уште додава дека Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници, и порачува дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Скопје, силен сосед што ќе ги поддржува чекорите кон европската перспектива.

„Ова е посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји. Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници. Освен тоа, резултатот од Договорот од Преспа не е само решавање на прашањето за името и отклучување на европската и евроатлантската перспектива на Северна Македонија. Договорот ги постави темелите за воспоставување силни билатерални односи што предвидуваат соработка и на меѓународно, европско и регионално ниво. Во овие рамки, ќе се одржи и првиот состанок на нашиот Совет за соработка на високо ниво со учество на 10 министри од повеќе области (економија, енергетика, одбрана, надворешна политика, инфраструктура/ транспорт, земјоделски развој, дигитална политика, здравство) и ќе се одржи првиот бизнис форум со десетици бизнисмени од нашите земји. Ќе се договориме за Акцискиот план што ќе ги вклучува сите категории на нашата соработка, Договор за одбранбена соработка, Договор за отворање и на нов граничен премин, Меморандум за соработка за пристапниот процес на Северна Македонија, енергетиката, развојот на инфраструктурата, нашите Служби за цивилна авијација“, вели Ципрас.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе