Екатимерини

„Во Централна Македонија победи Неа демократиа поради незадоволството на народот од Преспанскиот договор“

„Во Централна Македонија резултатите велат дека актуелниот гувернер Апостолос Цицикостас освои 62 отсто од гласовите, очигледно искористувајќи го незадоволството на јавноста од договорот на Грција со она што сега е Северна Македонија“, вели Екатимерини пренесувајќи како одделни грчки региони гласале на изборите за Европарламентот.

„Јас ќе бидам гувернер на сите Македонци“, рекол Цицикостас. „Ние ќе продолжиме да ја правиме Македонија посилна“.

Со речиси 5 отсто изброени гласови, Цицикостас, поддржан од Неа демократиа, и неговиот тим „Солидарност: Модерна, хумана Македонија“ добија 62,54 отсто од гласовите, обезбедувајќи апсолутно мнозинство.

Новинарот Христос Јанулис, поддржан од СИРИЗА, е на второто место со 10,88 проценти, вели Грик рипортер.

Централна Македонија е втор по големина регион во Грција, со население од приближно 1,9 милиони жители.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе