Чувајте се од руски тролови и сомнителни кинески инвестиции, ни порача Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на вчершните средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран заев во Охрид јасно порача дека САД се стратешки партнери на земјава, ја поддржа интеграцијата во НАТО и во ЕУ, потсети дека. Неопходно зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот.

„Убеден сум дека Северна Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата”, рече Помпео.

Тој говореше за придобивките од Договорот од Преспа и Спогодбата за пријателство со Бугарија и се заблагодари за учеството на нашата армија во мисиите заедно со војската на САД, во Ирак, во Авганистан и борбата против ИСИС.

„Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото и борбата против корупцијата. Ги поздравуваме чекорите што ги презема вашата Влада во борбата со корупцијата и сите оние кои ги прекршиле законите и ја злопупотребиле јавната доверба. Борбата со корупцијата е од клучна важност за вашата НАТО и ЕУ интеграција, но уште повеќе за вашата демократија и за граѓаните”, изјави Помпео.

Американскиот државен секретар предупреди дека земјата треба да се чува од обидите на Русија и на Кина за неметнување на нивното влијание во регионот. Треба да се водите, рече тој, од желба за напредок, а не од руски ботови, тролови и социјални медиуми.

„Претседателот Трамп во ОН рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, кои ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Северна Македонија да биде слободна и без долгови. САД ќе продолжат да бидат ваш партнер за доброто на вашите граѓани, на регионот и на светот”, порача американскиот државен секретар Мајк Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.

За шефот на државата Пендаровски и за премиерот Заев, посетата на државниот секретар Мајк Помпео во исклучително важен период за нашата земја, е силен сигнал за поддршката на нашите евроатлантски интеграциии потврда за пријателството меѓу САД и Северна Македонија.

Македонија беше четвртата етапа од мини-европската турнеја на американскиот државен секретар. Тој во земјава допатува од Црна Гора, а претходно беше во посета на Италија и на Ватикан. Од Охрид вчера попладне Помпео отпатува во официјална посета на Грција.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе