Чулев: Во МВР, дел раководниот менаџмент е поврзан со криминални групи

Дел од раководниот менаџмент директно инволвиран во криминалните групи, а лица од Криминалистичката полиција на платен список на криминалците. Ова во интервју за ТВ Алфа го открива министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев.

„Како дел од таа соработка некои криминалци добивале полесни кривични пријави, а за некои пријавите се криеле во фиока. Дополнитено, постојат информации дека дел од овие раководни структури, назначени од министерот Оливер Спасовски, се директно инволвирани и самите во криминални активности на начин што се наоѓаат на платен список на криминалните структури со фиксен месечен надоместок, со цел да издаваат информации за оперативно – технички ПИ-мерки кон припадниците на криминалните структури и, дополнително, да издаваат информации кога министерот за внатрешни работи планира конкретни оперативни активности за нивно апсење или приведување“, изјави Чулев во интервјуто за Алфа каде зборува и за реформите во УБК, за незаконското функционирање на АНБ, за тоа каков изборен процес ќе спроведе МВР и која ќе биде судбината на решенијата кои пред 3 јануари набрзина ги додели Оливер Спасовски.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе