Чулев учествуваше на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи и безбедност

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, преку webex апликацијата учествуваше на состанок на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи и безбедност на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) организиран во рамки на претседателството на Република Косово.

Во своето обраќање, Чулев се осврна на пандемијата Kовид -19 и предизвиците поврзани со неа со кои се соочуваат полициските службеници во својата секојдневна работа, како и во делот со борбата против трговијата со луѓе и нелегалната миграција, изразувајќи благодарност на МАРРИ и неговите партнери за досегашната соработка и огромната заложба која секојдневно ја покажуваат кон Министерството за внатрешни работи.

Воедно, на Форумот, Република Косово официјално го предаде претседавањето со МАРРИ на Црна Гора, а беше усвоена и „Приштинската декларација" со која, меѓу другото, се охрабруваат министрите за надворешни работи на учесничките на МАРРИ да се заложат за поставување на МАРРИ како главна агенција за миграција во шесте земји од Западен Балкан.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе