„Воведувањето на забрана за пренамена на земјоделското земјиште од прва до трета категорија треба да биде закон и пракса како што е во многу земји“, потенцира Буневски.
Тој напомена дека е потребно да се стави приоритет на доделување на земјоделско земјиште на локалните фармери, а не на странските инвеститори.
„Локалните фармери мора да имаат приоритет при доделување на земјоделското земјиште. Капацитетот на една фарма е ограничен зависно од капацитетот на земјоделско земјиште“, додаде Буневски.
Третата предлог мерка е фокусирање на синџирот од нива до трпеза. Според Буневски, со форсирање на овој концепт кај фармерите кои имаат капацитет и интерес за негова примена, добиваат додадена вредност на секој произведен земјоделски сточарски производ, а профитот ќе оди кај фармерите.
Нивна предлог мерка е и субвенционирање на предадени земјоделски култури по загарантирана откупна цена, но и зголемување на субвенциите во земјоделството.
„Потребно е намалување, или пак можност за стопирање на напуштање на селото, нешто што е особено евидентно последните години со емиграција од село во град, и тоа со поголеми стимулирања на младите фармери, особено на жени фармерки, кои се стожерот на фамилијата и давање големи погодности за отворање бизнис во овие рурални средини“, рече Буневски.