Чулев предложи кратење на буџетот на МВР, а после побара награди за вработените, вели Ангеловска

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на владина седница при правењето на ребалансот на буџетот доставил предлог за кратење на средства во МВР, а предлогот за награда од 15.000 денари во МВР за секој вработен не кореспондира со неговото барање, информираше министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Според Ангеловска, сите кратења во буџетот се правеле според барањата на министрите. Притоа, вели, треба да земат предвид реалните можности, а Владата ќе се залага сите кои заслужиле, да добијат награда откако ќе се има контрола врз коронавирусот.

„Сметам дека сите ние како членови на Владата носиме уште поголема одговорност во оваа криза и треба да бидеме уште поразумни, реални, рационални во целиот тој процес. Вие знаете дека ребалансот беше скроен пред два дена. Јас морам да кажам дека министерот за внатрешни работи беше навистина кооперативен при правење на ребалансот и тој достави предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР. Тој предлог беше ефектуиран и морам да кажам дека овој пат, при овој ребаланс поставивме стандарди и концепт и Министерството за финансии не кратеше ништо на своја рака. Сите кратења, сите прераспределби и промени се на барање на буџетските корисници. Предлогот не кореспондира со барањето кое било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена по скроен ребаланс, мора да бидеме сите реални. Јас верувам дека сите членови на Владата ги знаеме реалните можности и дека сите до еден и оваа Влада ќе се залага за да ги награди сите кои заслужиле кога ќе имаме целосна контрола врз вирусот и сите ќе ја добијат наградата и заслуженото“, рече Ангеловска за барањето на Чулев.

Според неа, покачувањето на платите на здравствените работници е предвидено со ребалансот на буџетот.

„Јас сметам дека оваа криза го извади најдоброто од голем број професионалци кои што работат во јавниот сектор. Прв таков пример е здравството и здравствените работници кои што се во првите редови во директен контакт со заразените за кои што рековме дека ќе им се оддолжиме и ќе ги наградиме, за кои што беа во ребалансот, со доставена калкулација по предлог и истите беа вградени кога тој беше усвоен пред неколку денови“, рече Ангеловска.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе