Предвремени парламентарни избори

Чулев од Струмица порача полицајците и граѓаните да не подлегнуваат на притисоци

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во СВР Струмица, за, како што вели, да им укаже на колегите да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители кои ќе се инволвираат во какви било ситуации на поткуп, закани, уцени или какви било изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес и ќе има негативен меѓународен мониторинг.

Чулев информираше дека посебно дал задолженија да се информираат сите полициски службеници да не подлегнуваат на какви било политички притисоци, односно партиски притисоци и притисоци од бизнис структури, туку да си ги извршат полициските задолженија согласно прифесионализмот и чесноста.

Од раководството на СВР-Струмица бил информиран дека се преземаат сите мерки и активности, а плановите биле направени и се усогласени меѓу началникот и дополнителниот заменик началник и се испратени до главниот оперативен штаб.

„Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните во Струмица, но и на целата територија на Македонија, да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури.Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години“, порача Чулев.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе