МВР

Чулев: Нема пријава дека е следено раководството на ВМРО – ДПМНЕ, при контролата на магацинот на Заеви направени се минорни пропусти

Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во одговор на новинарско прашање по изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски дека тој е следен и прислушуван.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушување или следење на политички претставници.

На изјавата на дополнителната заменичка министерка за знатрешни работи, Славјанка Петровска дека имало пречекорување на полициските овластувања при акцијата за контрола на донацијата од семејството Заеви, извршена на 30-ти минатиот месец, Чулев појасни  дека со оглед на сензитивноста на настанот веднаш дал наредба до Одделот за внатрешна контрола за да се испита случајот.

„Од Внатрешната контрола е констатирано дека полициските службеници не ги пречекориле полициските овластувања, меѓутоа има одредени минорни административни пропусти и од страна на Внатрешна контрола е констатирано дека има одредени административни пропусти во заведувањето на настанот, одговори Чулев.

Прашан дали имало налог или наредба за извршување на акцијата, Чулев рече дека полицијата постапила регуларно во поглед на контрола на ограничувањето на движењето на граѓаните и за тоа немало потреба од налог. Додека за другиот дел, кога било констатирано прекршување на ограничување на движењето, подвлече, бил консултиран дежурен јавен обвинител и понатаму целокупното постапување на полицијата било во рамки на соработката и под координација на јавен обвинител.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе